Тајната е да бидеме со оние кои носат насмевка на нашето лице

Насмевката е најкраткото растојание меѓу двајца луѓе. – Виктор Борге

Тајната не е да најдеме личност која ги исполнува сите карактеристики кои ги бараме од другите. Особено не оние физичките за кои сите размислуваме. Убавината нема да биде таа која ќе ни помогне кога нештата ќе станат тешки. Потребна е личност која ја прави таквата борба полесна.

Љубовта не е лесна.

Да можеме да се смееме со личноста која ни значи кога сите други нешта изгледаат безнадежно, тоа е вистинска моќ. Тоа е наоѓање на радоста во темнина. Нема да најдете среќа во личност која не ве разбира. Без оглед на тоа колку и да ги сакате, тие ќе ги прават нештата уште потешки.

Никогаш не прифаќајте личност која не гледа на вас како да сте најдоброто нешто на светот, која не успева да ве насмее на почетокот и крајот на денот. 

Бидете со личност која животот го прави слатка авантура. Бидете со личност со која и одењето во супермаркет е најинтересната работа на светот.

Бидете со личност која прави да се чувствувате важни.

Бидете со личност која не може долго да држи бес и која не сака да пропушти ниту еден момент на среќа со вас. Таа личност е вашиот најдобар пријател.

Не верувајте во љубов без насмевки. Таа е љубовта која ќе ве натера да заборавите на сета тага, солзи и борби во животот.