Ќе барате парче повеќе: Домашни сирењаци одлични за вечера и доручек (ВИДЕО)

Супер за со јогурт, кисело млеко или павлака.

СОСТОЈКИ:

1 кг. брашно

40 гр. квасец

2 дл. топла вода

2 дл. топло млеко

1,5 дл. масло

2 лажички оцет

шеќер и сол

ФИЛ:

200 гр. сирење

100 гр. фета

100 гр. рендан кашкавал

сол

ПРЕМАЧКУВАЊЕ:

пола литар вода

3 лажици мед

300 гр. сусам

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Изронете го квасецот, па додајте шеќер и малку млеко и измешајте, нека нарасне па додајте масло, вода и четири шолји брашно.

Во брапното ставете сол и месете.

Нека стои тестото 30 минути, па поделете го на 16 делови.

Секој дел се премесува па се остава околу 10 минути.

Се развлекува со големина на чинија, се става фил и се затвара како на видеото, па се става вода со мед и сусам.

Се печат на 220 степени додека не поруменат.