Казнети 252 возачи на мотоцикли за само шест часа

Во текот на вчерашниот ден (12.07.2023) во периодот од 17.00 до 23.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 252 возачи.

- Од нив 152 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 52 возеле без возачка дозвола, девет мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, соопшти МВР.

Како што информира МВР, за време на контролата санкционирани се и 157 други видови на сообраќајни прекршоци.