Засилена контрола на полицијата: Казнети 189 мотоциклисти, а седум мотоцикли биле одземени

Во текот на вчерашниот ден (24.07.2023) спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 189 возачи.

Како што информира МВР, 115 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 41 возеле без возачка дозвола, седум мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.