Родители од Битола во училница ги нападнале соученикот и наставничката на нивното дете

Ученик и наставничка биле нападнати од родители на дете-ученик во битолско училиште. 

- На 15.05.2024 во СВР Битола, Р.М.(48) од Битола пријавил дека за време на настава во основно училиште во Битола, неговиот малолетен син бил физички нападнат од Р.Л. и Н.Л., родители на негов соученик.

Истиот ден, М.Т. (44) од Битола, наставничка во истото одделение, пријавила дека за време на настава била физички нападната од Р.Л. и Н.Л.. 

Полицијата постапува за случајот.