Изречени 52 казни за седум часа: Полицијата одзема три мотоцикли

Полициски службеници во текот на вчерашниот ден во период од 11.00 до 18.00 часот имаа акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 52 возачи.

Како што соопшти МВР, 21 возач не користел заштитна кацига за време на возење, 19 возеле без возачка дозвола, три мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР.