Настрада тракторист од битолско откако се судрил со камион

Тракторист од битолско е тешко повреден откако се судрил со товарно возило. 

- На 17.05.2024 во 12.16 часот во СВР Битола било пријавено дека во село Новаци, битолско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „волво“ со полуприколка со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(50) од Кавадарци и трактор со приклучна земјоделска работна машина со битолски регистарски ознаки, управуван од Б.Т.(71) од с.Новаци, битолско, известија од полицијата. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот констатирани во Клиничка Болница Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа на СБР Битола.