Како да обоите велигденски јајца со помош на спанаќ?

Наближуваат велигденските празници, па затоа во следниот период ќе се посветиме повеќе на читателите кои не сакаат да користат фабрички бои и преферираат да ги бојат јајцата на природен начин. 

За да добиете зелена боја, може да користите спанаќ. Ако сакате интензивна боја, треба да стојат подолго во смесата, а за понежна боја доволно е и неколку минути. 

Постапката е многу едноставна, само ставете го посакуваниот број јајца во тенџере со ладна вода, лажица сол и оцет и додајте спанаќ. Сварете ги јајцата на тивок оган заедно со спанаќот, па оставете ги потполно да се оладат. Кога ќе ги извадите, ќе добиете совршена зелена боја на велигденските јајца.