Мермерни јајца обоени со лушпи од кромид

Овој метод на бојадисување на велигденските јајца веќе ни е добро познат на сите. Најдоброто е во тоа што секое јајце ќе биде уникатно. 

Можете дури и да користите дополнително обични бои за јајца, за да добиете уште поуникатни нијанси. 

Сè што ви треба се обична боја за јајца и неколку лушпи од кромид. Исечкајте ги лушпите на мали парчиња, а потоа нанесете ги на влажно варено јајце и завиткајте го јајцето во мрежест чорап и ставете го во растворена боја за јајца.

Можете дури и да ги варите заедно со лушпите, без додаток на други бои, за да добиете автентична нијанса. Користете лушпи од обичен и црвен кромид, за поинтензивна боја.