Како да ја љубиш скршената жена?

Жената која била скршена ќе те праша дали ќе останеш со неа. Можеби делува очајнички, но минатото ја научило дека зборовитее се користат како оружје, дека имаат голема моќ да уништат нечие срце. Секако дека секој ќе ѝ каже дека ќе остане. Таа ќе клима со главата иако не верува во тоа. Ќе се надева дека овој пат ќе биде поинаку. Колку е тешко човек да ја сака неа?

Таа ќе ризикува и ќе се обиде да најде убавина во раните кои ѝ го распарчиле срцето. Но, сите на крајот ќе си отидат. Ќе ја остават сама.

И таа повторно е на почеток: скршена, но сѐ уште жива. Некако ќе се извлече од тоа, но овојпат ќе ѝ биде потребно подолго време отколку претходниот пат. Секојпат таа губи дел од себе: давашее љубов, а за возврат доби (речиси) ништо.

Ќе си каже самата на себе дека е добро. Тоа е лага која секојдневно ќе ја повторува, затоа што ако доволно силно поверува во тоа, можеби на крајот навистина ќе биде добро, во наједноставната смисла на тој збор. Но, никогаш нема да биде добро. Секогаш нешто ќе недостасува. Ќе има денови кога ќе ја стави најшироката насмевка на нејзиното лице. Ќе има денови кога нејзината смеа ќе биде толку заразна што светот за момент ќе заборави колку е скршена. Но, штом падне ноќ, нејзиното тело повторно ќе падне од изнемоштеност и ќе се појави нејзиниот постојан придружник – очајот.

Ти ќе се обидеш да ја поправиш. И тоа силно ќе се трудиш. Толку силно што дури и ќе поверуваш дека можеш да го направиш тоа. Но, таа е скршена со причина. Таа е скршена, но истовремено и лојална и добра и прекрасна.

Никогаш немој да велиш дека „ја сакаш таа скршена жена...“ Кажи дека ја сакаш таа девојка. Таа не е жена која заслужува епитети како скршена, депресивна, заблудена... Таа е само жена. Жена која може да те сака како ниту една друга на овој свет.

Кажи дека ја сакаш жената која никогаш нема да те лаже затоа што знае колку боли лагата.

Кажи дека ја сакаш жената која живее ден за ден, се радува на сѐ како да е првпат, свесна дека утрото уште не пристигнало.

Никој не рече дека ќе биде лесно, дека нема да има жртви, никој не рече дека нема да има повредени. Но, зарем не се такви сите големи љубовни приказни? Ако боли, тогаш тоа е сурово и вистинито.

Сакај ја. Обожавај ја. Имај верба во неа. Смеј се со неа. Плачи со неа. Обиди се да ги видиш работите на нејзин начин, а таа ќе ги види на твојот начин. Биди задоволен од неа. Гордеј се со неа. Викни на цел глас колку ја сакаш. Гледај ја како да е остварување на сите твои соништа.

Сакај ја. Имај потреба од неа. Вреди. Ризикувај. Покажи ѝ дека веруваш во неа. Исполни ја празнината во нејзиното срце, затоа што можеби само ти ѝ недостасуваш за да биде целосна. Можеби таа ќе биде љубовта која отсекогаш си ја посакувал.

new nike air max 2019