Интересни факти за љубовта, романсата и привлечноста

Љубовта и романсата секогаш ни го привлекуваат вниманието. Затоа сакаме да знаеме што е можно повеќе за тоа по коешто највеќе трагаме. Има навистина многу интересни истражувања и факти кои не учат за многу нови работи и отвораат нови аспекти за љубовта и романсата. Прочитајте некои од нив!

1 . Убавото лице привлекува многу повеќе од згодното тело.
2. Во античка Грција, за гест на љубов се сметало кога мажот ќе фрлел јаболко кон жената.
3. Научно е докажано дека кога сте заљубени сте помалку продуктивни.
4. Во грчкиот јазик има неколку зборои за љубов: ерос (еротска љубов), филија (длабоко пријателство), агапе (несебична љубов) и сторге (семејна љубов).
5. Гушкањето на невролошко ниво го има истиот ефект што го имаат и апчињата за болка.
6. Еден од чуварите во Аушвиц се заљубил во Еврејка која била заробена таму. Тој неколку пати и го спасил животот, а за возврат таа сведочела во негова корист на неговото пост-воено судење.
7. 23% од паровите кои се сретнале на он-лајн платформите завршиле во брак.
8. Еротоманија е психолошко пореметување каде личноста верува дека некоја личност (најчесто со повисок статус или позната личност) е заљубена во неа.
9. Филофобија е страв од заљубување.
10. Последни истражувања покажаа дека најчесто мажите први кажуваат „Те сакам“ во врска.
11. Кралот Харалд од Норвешка се зарекол дека нема никогаш да се ожени, доколку не може да се ожени со неговата љубов, која била ќерка на ситен трговец. Желбата му се исполнила и таа станала кралица на Норвешка.
12. Наместените бракови се замениле со бракови од љубов некаде при крајот на 17-ти век и почетокот на 18-ти век.
13. Секој ден има отприлика 3 милиони први љубовни состаноци низ светот.
14. Околу 2% од луѓето се заљубиле во супермаркет.