Фотографија сликана од Водно, а на која се гледа осветлена метрополата ги освои симпатиите на светската јавност.
Фотката беше споделена на нашиот инстаграм профил, а туристи со своите инстаграм профили ја коментираат и споделуваат фотографијата.
Одлична причина да дојдат и да го посетат главниот град на Република Македонија, коментираат тие.
Aвтор на фотографијата е Томас Дебаловски и истата беше објавена на неговиот инстаграм профил.