Груби: И покрај зголемувањето, јас земам најмала плата меѓу колегите

Вицепремиерот Артан Груби кажа дека земал најмала плата, и покрај зголемувањето на платите на функционерите.

Груби не сакаше да ја каже висината на неговата плата, иако според пресметките таа изнесува околу 125.000 денари.

-Значи сите се различни, а гледам дека мојата е најмала во однос на останатите вицепремиер и премиерот. И исто така е помала од моето претходно работно место, но е согласно законот и навистина е добро што Уставниот суд не донесе ретроактивна одлука, вели Груби.

Видео: Макфакс