Груби со порака до директорите на ДУИ: Не ги прифаќајте решенијата на Меџити, земете годишен одмор или боледување

Вчера во јавноста излезе вибер пораката што ја има пратено министерот Груби до директорите на ДУИ каде им се посочува да не ги прифаќаат и да не ги потпишуваат решенијата од минисерот Меџити кој наскоро ќе биде сменет.

- “Почитувани, ниту еден наш директор за здравство да НЕ прифаќа никакво решение на министерот во заминување Фатмир Меџити, доколку му треба годишен одмор, боледување или едноставно не ја прифаќа евентуалната одлука на министерот“ се вели во пораката на Груби што ја има испратено до директорите на ДУИ во Клиничкиот центар.

Вчера и министерот Меџити беше свесен за ваквата порака на Груби каде прокоментира дека не планира да смени никој од директорите кои се поставени од страна на ДУИ и притоа ги повика надлежните институции да проверат дали стварно дел од директорите на ДУИ се навистина болни.