„Ќе се откажеме и од премиер Албанец ако се изгласаат уставните измени“, вели Груби

Вицепремиерот Артан Груби вели дека се подготвени да се откажат од привремената влада и од премиер Албанец и нивните мандати само за да се изгласаат уставните измени.

- ДУИ го отвора патот на опозицијата да гласа за уставните измени, а тоа е во полза на интеграциите на Македонија во Европската Унија, вели Груби.

Министрите на ДУИ поднесоа оставка кои би важеле од моментот кога ќе бидат изгласани уставните измени, иако ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека нема да прифати такво нешто.