Бумеранг – ОЈО отвора предмет за гонење на функционери, политичари, обвинители, судии и бизнисмени по пријава на Боки 13

Боки 13.е повикан да даде исказ во ОЈО во текот на утрешниот ден.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција од утре ја почнува кривично-правната операција со кодно име Бумеранг, најавена од Бојан Јовановски кој лани на шефот на ова обвинителство Ислам Абази му предаде повеќе од еден милион фајлови. Адвокатскиот тим на Бојан Јовановски информира дека предметот е оформен, а се работи за сторени „кривични дела на високо профилирани лица, функционери, политичари, обвинители, судии и бизнисмени“. 

Јовановски лани во февруари тврдеше дека поседува „бомби“ (снимени разговори, транскрипти, пораки, фотографски и видеозаписи) и сака да поднесе кривични пријави против личности од највисоки државни структури од политиката, правосудството, бизнис-елитата и други лица. Тој во подкастот кај Лазаров неколку часа зборуваше за одредени лица, но повикан е утре да даде исказ и да ги поднесе кривичните пријави за сторени кривични дела. Јовановски и неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ за утре најавуваат изјави за медиумите.