Грицкаме сончоглед, се смееме на глас, зборуваме на телефон – зошто не знаеме да се однесуваме кога одиме во театар?

Бон тон правила кога одиш на некој културен настан. Некои работи, кои изгледаат на прв поглед многу ситни и прости, а сепак кажуваат многу за нас. Работи кои се учат уште во градинка, или во училиште со учителка.

И најмалите деца се учат дека кога ќе одат во театар, треба да не зборуваат, да бидат тивки, да ја следат претставата, да не прават неред зад себе и на крај на дадат аплауз на глумците. Децата го знаат тоа, но што е со возрасните?

-Многу е убаво кога има заинтересираност за некој културен настан. Кога картите само што ќе се понудат за продажба, а веќе се кратко се продадени. Си мислиш, колку сме културен надор. И се тоа го мислиш додека да отидеш на настанот, и се додека не се разочараш од однесувањето на посетителите, вели Надица, која неодамна посети театарска претстава.

-Кога бев со ќерка ми, пред неколку недели, во детски театар, децата многу повеќе знаеја да се однесуваат таму, отколку возрасните, додава таа.

Често се случува публиката која посетува некој културн настан да не се оснесува соодветно за тоа место.

На оваа реагираат и актерите и вработените во културните институции.

Гласното зворување, кавгите, шепотењето, мастики и правење на балончиња, разговори на телефон, се само еден дел од она што знае да се случи на некој културен настан.

Постојат бон тон правила за многу работи, а постојат и такви кои треба да се применуваат кога се посетува некој културен настан.

  • Не доцнете. Потрудете се барем 5 минути пред почетокот да бидете таму
  • Кога се упатувате на вашето седиште, кое се наоѓа на средина од редот, бидете лице во лице со другите луѓе и бидете културни извинете се
  • Пред да влезете во салата исклучете го мобилниот телефон
  • Не сликајте со блиц
  • Ако сте на изложба не ги допирајте делата и не зборувајте додека уметникот го држи својот говор

Бон тон однесувањето се гради уште од најмали нозе. Уметнците апелираат да ги почитувате овие правила, да ги почитувате нив, и останатата публика.