БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ: Еве кои се правилата за возење на снег

Снежното време е најопасно за возење со автомобил. Особено е опасно на отворен пат, каде треба да се биде многу внимателен, бидејќи при директен судар последиците може да бидат фатални.

Безбедносниот појас мора да биде заврзан секогаш, а зимските гуми се задолжителни. Доколку сте во можност, имајте резервно гориво во случај да има застој во сообраќајот. Антифризот, намалената брзина, зголеменото растојание, подготвеност во секое време се некои од општите совети за безбедно возење.

Кога станува збор за техниките кои придонесуваат за побезбедно возење во зима, треба да се одбегнуваат остри и ненадејни движења. Немојте да забрзувате и силно да кочите, бидејќи ваквите постапки ќе доведат до лизгање.

Во текот на возењето се препорачува лесна контрола врз гасот. Во зимските услови подобро е порано да се смени степенот на пренос, односно порано менување во поголема брзина.

Се препорачува возење во втора брзина на замрзнати површини.

Потоа, кочете порано и имајте на ум дека мора да ја попуштите кочницата за да управувате (вртите).

 Активирајте АБС и останати состави за контрола на стабилноста на возилото.