Граѓаните не ја сакаат Арсовска - ќе куртули ли од предвремено заминување?

По катастрофалниот резултат на парламентарните избори легитимно е да се постави прашањето: Дали и Арсовска ќе биде зафатена од бранот заминувања од градоначалничката позиција? 

Се погласна се најавите дека граѓаните на неколку македонски општини повторно ќе треба да гласаат, овој пат за нов градоначалник на нивната општина. Станува збор за Сарај, каде досегашниот прв човек на општината Блерим Беџети стана пратеник, потоа за Гостивар, каде актуелниот градоначалник Арбен Тарабвари најверојатно ќе премине во извршната власт, а сличен е и случајот со скопската општина Аеродром, каде се очекува Тимчо Муцунски да заземе некое од министерстките места во новата влада. 

Она што е интересно е што се погласни се барањата во овој „сет промени“ да се вклучи и градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска. Ова доаѓа како резултат на незадоволството на жителите од досегашата работа на Арсовска, како и на слабиот резултат кој таа го оствари на парламентарните избори со нејзината новоформирана партија „Нова Алетернатива“. 

Скопјани, според нивните коментари на социјалните мрежи, се подготвени да излезат на нови избори и да изберат нов градоначалник, а често ги потенцираат проблемите за кои нема одговор од Град Скопје. 

Останува времето да покаже ќе биде ли отповикана Арсовска пред истекот на мандатот. 

Барањата засега се измената на Законот за локална самоуправа да биде приоритет на Собранието, за да градоначалниците да можат да бидат разрешени.

Владата, се очекува, да предложи измени на Законот за локална самоуправа во делот каде што е наведено дека доколку има повеќе од шест месеци, што во конкретниот случај е повеќе, додека не се одржат редовни локални избори треба да се одржат предвремени избори наместо да се именува в.д. градоначалник.  Доколку се направи оваа промена тогаш во овие општини кои останаа без градоначалници нема да има предвремени локални избори, туку ќе се чекаат регуларните, додека општините ќе ги водат вршители на должност градоначалници кои ќе ги определи Владата. 

Редовните локални избори треба да се одржат во октомври 2025 година.