Ѓорче Петров утре во Центарот за култура организира крводарителска акција

Општина Ѓорче Петров во соработка со Црвениот крст - Карпош утре организира нова крводарителска акција за сите заинтересирани крводарители и граѓани кои се подготвени на ваков начин да ја покажат својата емпатија кон оние на кои им е неопходна помош.

- Знам дека моето Ѓорче со право го носи епитетот "хумано" и дека и овој пат ќе покажеме солидарност и љубов за лицата на кои капка крв може да им го промени на подобро или пак, да им го спаси животот. Ве повикувам масовно да ни се придружите на акцијата, повика градоначалникот Александар Стојкоски. 

Акцијата ќе трае од 9 до 15 часот во Центарот за култура - Ѓорче Петров.