Популарната македонска пејачка Елена Ристеска објави фотографии од настапот за Нова година на плоштадот во Скопје.
Ристеска им се заблагодари на граѓаните кои беа на плоштадот и заедно ја дочекаа 2023 година.
- Нека ни е среќна и бериќетна новата година, нека ни донесе поубави денови, здравјето да ни е најјаката страна и радоста и успесите да ни се дел од секојдневието. Ве сакам од дното на мојата душа, напиша пејачката.