Елена Ристеска ќе пее за Нова година во Скопје

Познатата македонска пејачка Елена Ристеска објави видео на нејзиниот Инстаграм профил и потврди дека ќе пее за Нова година на плоштадот „Македонија“ во Скопје.

Ристеска преку видео ги покани своите фанови, но и останатите граѓани на дочекот на новата 2023 година.

- На 31 декември, ве поканувам на Плоштад Македонија во Скопје, за заедно да ја дочекаме новата 2023 година. Конечно македонска музика ќе ечи на нашиот плоштад, кажа Ристеска.