Фото: Чад над главната зграда на ОХИС

Некогаш хемиски гигант на Балканот, денеска напуштени објекти и загадено земјиште. ОХИС оддамна не работи, но велат сеуште е еден од најголемите загадувачи на Скопје. Ова се однесува на отровите кои се наоѓаат во земјата под хемиската индустрија, а кои се пренесуваат низ Скопје со подводни води, велат експертите.

Но, тоа не е доволно, па изминатиов период ОХИС го загадуваше и воздухот. На Фејсбук се појави фотографија од некогаш „главната“ зграда на фабриката, на која се гледа дека од неа излегува чад. Дали избил пожар или станува збор за нешто друго, засега нема информации.