ЕУ наложи: Наскоро комплетно нов дизајн на сите кутии со цигари

Од 2016 година новата регулатива на ЕУ налага 65 отсто од кутијата со цигари да мора да биде прекриена со страшни слики, што остава помалку место за логото на компанијата.

Властите во Австралија, каде уште пред три години се воведоа експлицитни предупредувања, како слики на бели дробови на умрено лице кое било долгогодишен консумент на цигари тврдат дека тој потег го намалил бројот на пушачите за 15 отсто.
„Постојат докази дека здравствените предупредувања дејствуваат, во смисла на одвраќање на младите луѓе од пушење цигари и помош на постарите да престанат да пушат. Текстуалните предупредувања се добри, но сликовните се поефикасни“, вели Активистката Аманда Сандфорд.

Велика Британија, Ирска и франција отидоа чекор подалеку од директивите на ЕУ.

Како Австралија, тие земји најавија план за тотално укинување на логото од кутиите. Тоа е одлука против која тутунските гиганти најавуваат жестока борба.

Тутунските компании ја изгубија првостепената пресуда во Луксембург, а сличен резултат се очекува и на останатите судови. Конечна одлука на европскиот суд се очекува за неколку месеци