Есенски колач со кисели јаболка и банани

Подлога од најобични бисквити, крем со пудинг, во комбинација со овошниот вкус на јаболката и бананите е сè што можете да посакате од овој врнежлив ден. 

Состојки:

250 гр бисквити
3 кисели јаболка
3 банани
150 гр мелени ореви
Лажица рум
100 гр шеќер

Еден пудинг од ванила
2 лажици шеќер
500 мл млеко
20 гр путер
Шлаг-пена (по желба)

Подготовка:

Користете правоаголна тепсија, најдобро 20х30 сантиметри. Наредете бисквити на дното. 

Изрендајте ги јаболката, а бананите испасирајте ги на крупно, ставете ги оревите, 150 гр мелени бисквити, рум и шеќер. Смесата ставете ја врз редот бисквити.

Измешајте го пудингот со шеќер и растопете во малку млеко. Ставете го остатокот од млекото да се вари, па направете пудинг, во кој ќе измешате путер и ќе го прелиете врз колачот. Оставете го убаво да се стегне и излади, па можете да го декорирате со шлаг.