Емотивното писмо на една жена до својот сопруг...

 

Најдраг мој, мој животен сопатнику и најдобар пријателу, 

Ти ветувам дека ќе бидам покрај тебе без оглед на тоа каде ќе нè одведе животот. Ти го давам својот збор дека никогаш нема да те напуштам, без оглед на тоа колку ни е тешко. Заедно сме доволно долго за да не можам да го замислам својот живот без тебе во него. Ти беше покрај мене кога не се чувствував добро, кога едвај можев да излезам од дома. 

Беше покрај мене кога се чувствував премногу слабо за да можам да продолжам понатаму. Беше покрај мене кога повеќе нема волја да правам нешта. Беше тука кога се соочував со загуби и кога доживував подеми и падови. Беше покрај мене кога некои драги луѓе ме разочаруваа и предаваа. Заедно надминавме многу неволји. На нашиот пат преминавме толку тешки препреки што и ден денес се чувам како успеавме да ја пронајдеме нашата среќа. 

Бевме заедно и низ најголемите бури, но и во најубавите моменти од нашите животи. И ова е само почеток. Ќе има денови кога ниту тебе, а ниту мене нема да ни биде до разговор. Ќе има денови кога нема да се разбираме, кога ќе се погледнеме во очи и нема да можеме да се препознаеме. Ќе има денови кога животот повторно ќе ни дава тестови, денови кога ќе мораме да си ја докажуваме заедничката љубов и да се увериме дека сме доволно силни за да се бориме со сите препреки кои ќе ни се најдат на патот. Ќе има ноќи кога нема да заспиваме еден крај друг. 

Понекогаш поради лутина, понекогаш поради некои наши внатрешни борби. Ќе има моменти кога ќе ја нема онаа наша страст, но и тогаш сакам да знаеш дека ќе се трудам да те потсетам дека секогаш сум тука покрај тебе. Те одбрав за свој животен сопатник и не планирам тоа да се промени. Се заколнав дека ќе го поминам својот живот покрај тебе и така и ќе биде, засекогаш. Наспроти сите неволји и проблеми, сакам да знаеш дека се грижам и дека тоа никогаш ништо нема да го промени. Што и да се случи и каде и да не одведе животот, ти ветувам дека ќе останам покрај тебе. 

Дури и кога ќе ни изгледа како целиот свет да е проитв нас, дури и кога ќе ни биде тешко да продолжиме понатаму. Дури и кога ќе биде потребно многу трпение и труд за ги добиеме сите битки.

Знај дека секогаш ќе бидам покрај тебе.

Засекогаш ќе те сакам.

Твојата сопруга

Sportswear Design | Nike Shoes