Едно поинакво планинарско доживување во преубавото Маврово

Во најубавиот пролетен месец ПК.Македон ве носи на едно поинакво планинарско доживување во еден од нашите најубави планински предели Маврово.

Заедно со Ана, проверен и докажан инструктор по јога решивме да Ве однесеме на планина каде покрај уживањето и искачувањето по падините на Бистра и врвот Сандакташ ќе имаме можност да се релаксираме и одмориме преку неколку часови со јога.

На нивната фејзбук страна можете да ја погледнете целата агенда за тој ден.

Па доколку не сте го испланирале саботниот ден, ова е прилика да уживате во природните убавини кои ќе ви ги понуди Маврово.