Една билка, илјада лековити својства

Копривата ефикасно ја прочистува крвта, ги спречува воспаленијата и поттикнува исфрлање на штетните материи и камен од бубрезите.

Младите листови според вкусот потсетуваат на спанаќот, но содржат петпати повеќе калциум и шестпати повеќе витамин Ц.

Ова растение се употребува многу поради лековитите својства, кои современата медицина ги докажала.
Таа е природен лек за слабокрвност, опаѓање на косата, ревматизам и болки во зглобовите, чир на желудникот, треска, несоница и нервоза.

Има висока витаминска вредност, па се препорачува во исхраната. Содржи многу белковини, јаглехидрати, масти, а од минералите калциум, фосфор, магнезиум, витамините Ц, А, Б2, Б5, К, каротен, пантотенска киселина, лецитин и танин.

Копривата е совршен прочистувач на крвта, богата е со хлорофил кој помага за обновување на оштетените клетки и го подобрува снабдувањето на мозокот со кислород.

Како одличен прочистувач на крвта, помага и при проблеми со акните, а се препорачува и кај инфекциите во устата, афтите или воспаление на непцата.

Научните истражувања докажале дека копривата е ефикасна кај пролетните алергии. Но пред да се почне со користење на сируп, екстракт или чај за оваа намена, важно е да се консултира лекар или хомеопат.

Чајот од коприва ги прочистува белите дробови, цревата, црниот дроб и желудникот.

nike air max 1 sale