Чај од коприва – решение против целулитот

Чајот од коприва е одлично решение против целулитот.

Колку пати сте започнале да користите нешто против целулит, но мошне брзо сте се откажале од тоа. Или не дава резултати воопшто, или бавно делува, или пак ви се чини прескапо.

Но, како тој може да ни помогне и како да го користиме?

Чајот од коприва е одличен бидејќи претставува природен начин за намалување на целулитот, а освен тоа не бара премногу за подготовка и можете да го пиете секојдневно. Тој се смета за еден од најдобрите третмани против оваа непријатна појава. Штом ќе почнете да пиете чајот од коприва, мошне брзо ќе забележите резултати во борбата против целулитот, но ќе чувствувате и повеќе енергија, а ќе имате и здрава и затегната кожа.

Се препорачува за секојдневно користење, со 3-4 шолји дневно. Првите резултати можете да ги очекувате по 1 месец.  Секако, многу важно е за каков целулит станува збор, односно дали тој е воден или не.

Исто така, дополнително е потребно да смените и некои други навики, а тоа се практикувањето здрава исхрана, помалку шеќери и почесто движење.