Две неексплодирани гранати пронајдени во пункт на „Комунална хигиена“

Две неексполодирани гранати биле подигнати од „Комунална хигиена“ во Скопје. 

- На 26.05.2024 во 18.06 часот во СВР Скопје било пријавено дека во рециклажен двор на ЈП „Комунална хигиена“ на булевар „Илинден“ во Скопје биле пронајдени две неексполодирани гранати. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Скопје безбедно ги подигнал гранатите, а увид извршила екипа од СВР Скопје, соопштија денеска од полицијата.