Две лица запалиле авто плац во Арачиново

Денеска во 00.50 часот во СВР Скопје, 49-годишниот Е.М. пријавил дека во негов авто плац во село Арачиново, скопско, две лица предизвикале пожар, кој бил изгаснат од негов сосед, извести МВР.

Од пожарот нема опожарени возила и нема повредени лица, а увид извршила екипа на СВР Скопје, додаваат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.