Кривична против маж од село Градец, се обидел да запали возило на лице од Гостивар

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 45-годишниот И.Р. од село Градец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност во обид“, извести МВР.

„На 22.01.2024 во станица за технички преглед, по претходни недоразбирања, пријавениот со запалива течност се обидел да предизвика пожар во возилото на Ј.С. од Гостивар, но бил спречен од вработените и други присутни лица“, соопшти МВР.