Досега ниту едно куче не ми украло пари, постелнина, чинии, ниту пак слики од ѕидот...

Еден човек пратил писмо до сопственикот на еден мал хотел кој планирал да го посети за време на својот одмор таму.

Во писмото пишувало:

„Господине,

Би сакал да престојувам во Вашиот хотел.

Навистина би сакал со себе да го понесам и своето куче.

Моето куче е негувано и добро воспитано.

Дали би му дозволиле да спие во мојата соба?“

Набргу стигнал одговорот од сопственикот:

„Јас го водам овој хотел со години.

Досега ниту едно куче не ми украло пари, постелнина, чинии, ниту пак слики од ѕидот.

Ниту еднаш не сум морал да избркам куче од хотелот затоа што е пијано или затоа што не се однесува пристојно.

Никогаш не ми се случило куче да побегне и да не ми плати.

Па затоа, Вашето куче е навистина добредојдено во мојот хотел. А ако Вашето куче гарантира и за Вас, тогаш и Вие сте добредојдени!“