Поучна приказна: Чувајте го вашиот ангел

Еден ангел ѝ се обратил на една жена:

  • Дали сакаш да ти го покажам твојот живот?

  • Да!

Ангелот ја земал со себе и жената почнала да го гледа својот живот и покрај своите, здогледала траги од уште едни стопала и прашала: „Кој е тоа покрај мене?“

Ангелот одговорил: „Тоа сум јас. Те следам цел живот.“

Жената прашала: „А зошто понекогаш има само една трага од стопала?“

Ангелот одговорил: „Тоа се најтешките периоди во твојот живот.“

Жената огорчено рекла: „И што? Си ме оставил сама во најтешките моменти? Како можеше да ме оставиш?“

Ангелот тивко одговорил: „Не, тогаш те носев во раце...“