Поучна приказна: Кога незнаењето вреска, интелигенцијата замолчува

 

Магарето му рекло на тигарот: „Тревата е сина“.
Тигарот, изненаден, одговорил: „Не, тревата е зелена!“

Расправата се вжештила и двајцата решиле да ја поднесат на арбитража и за да го направат тоа отишле кај лавот, кралот на џунглата.

Пред да стигнат до чистинката во шумата, каде што лавот седел на неговиот престол, магарето почнало да вреска:

„Ваше височество, дали е вистина дека тревата е сина?
Лавот одговорил: ''Вистина е! Тревата е сина“.

Магарето побрзало и продолжило: „Тигарот не се согласува со мене и ми противречи и ме нервира, Ве молам казнете го.“

Кралот тогаш рекол: „Тигарот ќе биде казнет со 5 години молчење.“

Магарето радосно скокнало и тргнало по својот пат, повторувајќи: „Тревата е сина“.

Тигарот ја прифатил казната, но прво решил да го праша лавот: „Ваше височество, зошто ме казнивте? Сепак, тревата е зелена“.

Лавот одговорил: „Всушност, да, тревата е зелена.“

Тигар праша: „Па зошто ме казнувате?“

Лавот одговорил: „Тоа нема никаква врска со прашањето дали тревата е сина или зелена. Казната е затоа што на храбро, интелигентно суштество како тебе не му прилега да губи време во расправија со магаре, а и дополнително и мене да ме вознемирува со тоа прашање“.

Наравоучение:

Најлошото губење време е расправија со будала која не се грижи за вистината или реалноста, туку само за победата на неговите верувања и илузии. Никогаш не губете време на дискусии кои немаат смисла... Има луѓе кои не можат да разберат голем дел од доказите и фактите што им ги презентираме, а другите се заслепени од егото, омразата и незадоволството, а единственото нешто што тие сакаат е да бидат во право. .

Кога незнаењето вреска, интелигенцијата замолчува. Вашиот мир и спокојство вредат повеќе.