„Дона” е песната која Калиопи ќе ја пее на Евровизија

Песната со која Калиопи по втор пат ќе ја претставува Македонија на 31-то издание на Евровизија кое ќе се одржи во Стокхолм, Шведска  е насловена како „Дона“. Автори на песната се Калиопи и Ромео Грил, а во Стокхолм ќе пее на македонски јазик. „Дона“ пред македонската јавност ќе биде промовирана во понеделник на МРТВ во специјалното евровизиско шоу на 7 март со почеток во 20.15 часот.

Изборот за песна на Евровизија ќе се одржи на 10, 12 и 14 мај во во арената „Глоб“ во Стокхолм, а Калиопи ќе настапи во второто евровизиско полуфинале.