Дете каснато од улично куче во Скопје

Малолетник бил каснат од улично куче во скопски Аеродром. 

- На 02.06.2024 во 09.35 часот во Полициската станица Аеродром, Ф.П.П.(57) од Скопје пријавила дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник, информираа од полицијата. 

Имало уште две пријави за каснувања од улични кучиња. 

- На 02.06.2024 во 08.50 часот во Полициската станица Аеродром, Д.Р.(40) од Скопје пријавил дека на ул.„Владимир Комаров“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

- Денеска (03.06.2024) во 08.15 часот во Полициската станица Карпош, М.Н.(68) од Скопје пријавил дека на ул.„Франце Прешерн“ во Скопје бил каснат од куче скитник.