Детали за пукањето на Пластичарска: Еден од повредените починал на скопските клиники, повредени се уште две лица

Масовна тепачка која прераснала во престрелка со употреба огнено оружје се случи ноќеска на „Пластичарска“ во Скопје.

Според првичните информации повредени се три лица, едно од нив починало на скопските клиники, потврдуваат извори на Скопје Инфо од Министерството за внатрешни работи. 

Неофицијално во полицијата најпрво во 23.40 часот е пријавено дека на бул.Никола Карев има пукање каде има повредени лица. Во 23.45 часот е пријавено е дека едно лицето Т. А. со повреди од огнено оружје е пренесено во ГОБ Наум Одридски. 

Во 23.51 часот од Ургентен Центар е пријавено дека кај нив се донесени 2 лица исто така со повреди од огнено оружје.

Се работи за лицата О. Б. и А.И. од Скопје.  Во 00.45ч од Ургентен Центар е пријавено дека лицето А. И. е починат инаку познат пејач.