Десет фотографии од Иван Наунов: секојдневнието преточено во спомени кои траат вечно

Навистина е тешко да сретнеш човек со толку многу љубов и хоби. Човек кој ужива во секојдневието и тоа уживање несебично го споделува за јавноста преку социјалните медиуми.

Иван Наунов е 25 - годишен анеститичар по професија. Зависник од адреналин, вежбање, возење велосипед, уживање во природа и кафе. Човек со специфично око за светот и луѓето. Писател и фотограф.

На тема фотографии и Скопје за Скопје Инфо вели: едноставно спомените ги приковуваш во една рамка за да не ти избледат никогаш. Безвременско ќе е она што некогаш си го видел со свои очи.

Во продолжение следуваат десет фотографии од Иван Наунов на тема Скопје. Повеќе за неговата работа може да видите и прочитате на инстаграм и фејсбук.

new nike air max 2019