Денес се отвора Дајмонд Мол!

Денес во 10 часот ќе биде отворен новиот трговски центар Дајмонд мол (Diamond Mall), а свечениот дел ќе се одвива пред главниот влез на трговскиот центар, лоциран спроти автобуската постојка на булеварот Св. Кирил и Методиј. Свое обраќање ќе имаат Нихат Одземир, почесен претседател на групацијата Лимак и премиерот Димитар Ковачевсвки.

Дајмонд мол е дел од мултифункционалниопт проект „Дајмонд Скопје“, а вкупната инвестиција во овој проект изнесува 350 милион евра. Со отворањето на трговскиот центар Дајмонд ќе се обезебедат повеќе од 1.000 нови работни места, велат од компанијата.

„Diamond Mall“ е составен од три меѓусебно поврзани целини. Првата целина ја сочинуваат 150 продавници со вкупна површина за закуп од 48.000m², кои на купувачите ќе им понудат голем избор на популарни и атрактивни брендови. Втората целина е „Зоната на соништата“ (Dream Zone) каде на едно место се среќаваат забавата и едукацијата, со површина од 7.000m², која ќе понуди едукативни и забавни содржини наменети за различни возрасни групи, од деца од најмала возраст до млади.

Молот располага со голем број различни влезови кои овозможуваат лесна пристапност на сите посетители, од било кој дел на централното градско подрачје, независно дали тие доаѓаат со возило, со јавен превоз или пешки. Вкупната инвестиција во проектот „Diamond of Skopje“ достигна 350 милион евра. Покрај останатите придобивки кои ќе ги донесе „Diamond Mall“ со својата работа е и отворањето на повеќе од 1.000 нови работни места кои ќе овозможат вработување на кадар од најразлични профили поврзани со функционирањето на молот, како и оние што ќе обезбедуваат најразновидни услуги за посетителите.