Делови од две скопски општини без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денес без струја ќе останат:

- од 08:30 до 14:30 часот, корисниците од населените места: Долно Коњаре, Средно Коњаре, Горно Коњаре, Дивље и Катлановска Сушица. (Општина Петровец)

- од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од село Кучково. (Општина Ѓорче Петров)