Утре без струја овие делови од главниот град

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре (петок) без електрична енергија ќе останат:

- од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од селата Орман и Никиштани (општина Ѓорче Петров)

 - од 09:00 до 10:00 часот, корисниците од зграда на ул.Соле Стојчев бр.5, спроти Гранап (општина Карпош)

- од 07:30 до 12:00 часот, корисниците од с.Батинци (општина Студеничани) 

- од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од ул.Македонија, зграда Вардар Техно Метал,Хотел Турист, ЈПДП, зграда на ВМРО и околината (општина Центар).