Поради дефект без вода дел од општината Ѓорче Петров

ЈП Водовод и Канализација информира дека денеска поради уличен дефект од ф – 400 мм на улицата 1670 во Ново Село, дел од општината Ѓорче Петров ќе остане без вода.

Прекинот на водоснабдување ќе биде во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот. Без вода ќе останат корисниците од улицата Лука Геров, како и корисниците од населбите Ново Село, Стопански Двор, Кисела Јабука, Волково, Орман и Никиштани во општина Ѓорче Петров.