Делови од четири скопски општини денес ќе останат без струја

Делови од четири скопски општини денес ќе останат без електрична енергија. 

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информираше дека поради технички зафати во електро дистрибутивната  мрежа,  на ден 27.06.2024 година (четврток), без електрична енергија ќе останат:

  • од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од  дел од ул. Славчо Стојменски во нас. Драчево. (Општина Кисела Вода)
  • од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од  дел од село Долно Лисиче. (Општина Аеродром)
  • од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од  ул. бр. 4 во с. Волково.  (Општина Ѓорче Петров)
  • од 11:00 до 14:30 часот, корисниците од  дел од ул. Мавровска во нас. Хром.  (Општина Ѓорче Петров)