Поради дефект дел од Центар ќе биде без вода

Корисниците од улиците „Рајко Жинзифов“ и „Стефан Јакимов Дедов“ во општина Центар денес со почеток од 7 часот ќе бидат без вода.

Од ЈП „Водовод и канализација“ –  Скопје, известуваат дека дефект се појавил на огрлица на ул.„Рајко Жинзифов“ бр.32 при што истиот треба да се санира.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности се вели во соопштението на „Водовод“