Делови од Аеродром и Центар денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска (среда), без електрична енергија ќе останат:

- од 08:30 – 13:00 часот, корисниците од ул.Самоилова (општина Центар)

- од 11:00 – 13:00 часот, корисниците од дел од Булевар Кочо Рацин околу училиштето Раде Јовчевски Корчагин (општина Центар)

- од 09:00 – 11:00 часот, корисниците од ул. Св. Кирил и Методиј, кулите спроти ТС Рамстор (општина Центар) од 09:00 – 13:00 часот, корисниците од дел од ул.Гаврил Константиновиќ (Општина Аеродром).