Дете пренесено итно во болница, се здобило со повреди од струен удар

Од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, вчера попладне било пријавено дека кај нив било донесено повредено 12-годишно дете од село Љуботен, скопско.

-Според пријавата, детето се здобило со повреди од струен удар околу 16.20 часот во селото во моментот кога се обидувало да вклучи канделабра за улично осветлување, монтирана на дрвена бандера, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.