Деликатес кој крцка: Млади компири со сенф и пиво

СОСТОЈКИ:

1 кг. млади компири 

2 лажици мајонез 

3 лажици сенф 

50 мл. пиво 

сол 

бибер 

црвен пипер 

1 лажиче оригано 

масло

ПОДГОТОВКА:

Се лупат младите компири, се сушат и се ставаат во плех за печење, па врз нив се става малку масло, изматена смеса од мајонез, сенф и пиво. 

Се става сол и бибер, зачини, па се става во загреана рерна да се пече на 200 степени околу 40 минути.