Детството и тинејџерските години се нешто кое буди емоции и насмевка на лицето кај секој човек. Децата од овие генерации беа деца кои имаа вистински игри. По цел ден од улица, и без мобилни телефони.
Пораснавме со Сол-макарон, еј Макарена, Том и Џери, мечето Ушко, торти од кал, нинтендо, тетрис, Супер Марио и Луиџи, диносаурусот Дино, Денис напаст, Штрумфови.
Издвојуваме неколку факти кои го одбележаа детството на оваа генерација.
1. Децата на 90-те се научивме да ги користиме компјутерите пред нашите родители.
2. Децата на 90-те со радост се сеќаваме како го храневме своето Тамагочи, нинтендо, тетрис.
3. Децата на 90-те сеуште ги знаеме напамет движењата на Макарена.
4. Децата на 90-те уште се насмевнуваме кога се сетиме како сме оделе да земеме видеокасети за изнајмување - нешто што нашите деца нема да го прават никогаш.
5. Децата на 90-те се сеќаваме на моментите кога го лепевме увото до касетофонот, за да можеме да ја снимиме на аудиокасет омилената песна од радиото.
6. Децата на 90-те никогаш нема да ги заборавиме игрите до доцна пред зграда или пред куќата на баба и дедо на село.
7. Децата на 90-те немавме трпение да заврши „Тропска горештина“, за да го гледаме „Снешкото Були“.
8. Децата на 90-те игравме Дама, Не се лути човече, криенка, Вистина или предизвик, Сол-макарон, Народна, ластик ...
9. Децата на 90-те собиравме колекции од шарени салфети
10. Децата на 90-те гледавме: Чувари на плажата, Беверли Хилс со Бренда и Брендон, Бушава азбука, Пулсирање, Зимско рекреативна програма, правење огромно писмо за Ѕвон потпишано од цело маало...
11. Децата од 90-те се прскавме со шишиња без да се лутиме.
12. Децата на 90-те пишувавме со шарени креди по асфалт или со плочка и секакви камчиња кои оставаат траги и игравме разни игри
12. Децата на 90-те ги редевме фотографиите од роденденот во пластичното албумче кое го добивме како подарок, а не на Facebook.
13. Децата од 90-те се потпишувавме во лексиони, споменари каде откривавме со зацрвенети образи кој ни е симпатија.
14. Децата од 90-те собиравме мирлизиви ливчиња, ливчиња од познатата серија „Касандара и Ранду“ ... тефтерче од детска пошта..
15. Возевме пони, не знаевме за ѕвонче, од улица се довикувавме, крадевме цреши, а си имавме во двор.
Ова се дел од спомените од едно детство на кое генерациите од 90-тите години се сеќаваат со задоволство.
Носталгијата е неизбежна и ќе остане еден убав спомен, а за разлика од поновите генерации имавме вистинско детство кое за жал денешните деца никогаш нема да го почуствуваат.