Д-р Беќаровски: Утре некој може ќе одлучи да ги сруши и „руските згради" во Карпош или салата „Јане Сандански"

Доктор Нико Беќаровски со реакција откако министерот Фатмир Битиќи најави дека откако ќе се изгради централата на грчкиот инвеститор “Митилинеос“ владата планира да ја исклучи од енергетскиот систем когенеративната централа “Те-То“ зошто била руска инвестиција.

- "Ќе го затвориме ТЕ-ТО, бидејќи е руска инвестиција" - Фатмир Битиќи, вицепремиер на Владата. Колку што можам да прочитам на страната на Те-ТО се работи за швајцарско-турска корпорација. Па дури и да е руска.... Утре некој може ќе одлучи да ги сруши и „руските згради" во Карпош или салата „Јане Сандански". Лудило на максимум! - порача докторот на својот фејсбук профил/